• понеделник, 23 декември 2024

Ишингер предупредува на руско мешање на престојните избори во Германија

Ишингер предупредува на руско мешање на престојните избори во Германија
Берлин, 9 јули 2021 (МИА) - Претседателот на Минхенската безбедносна конференција и поранешен германски дипломат Волфганг Ишингер изјави дека стравува од странско мешање, претежно од Русија, на парламентарните избори во Германија, што се закажани на 26 септември во Германија. - Владите и парламентите беа нападнати (преку кибер напади), што ја разниша довербата во политичкиот процес, изјави Ишингер, поранешен германски амбасадор во Вашингтон и во Лондон. Тој предупредиу дека „огромна количина на податоци е украдена од германскиот Бундестаг во последните неколку години, што предизвикува страв дека изборите исто така може да бидат изманипулирани“. Долниот дом на германскиот Парламент беше мета на голем кибер напад во 2015 година. Други помали напади беа извршени изминатите години. - Би бил изненаден ако руската страна нема интерес да обезбеди тие што бараат поостри санкции кон Русија да не победат на изборите, ако е можно, додаде Ишингер Тој претходно пред Европскиот парламент претстави извештај за дигиталниот суверенитет, во кој ја повикува Европа да биде подобро подготвена за заштитата на податоците. ми/

Остани поврзан