• вторник, 19 ноември 2024

Италија заплени јахта на руски олигарх вредна 65 милиони евра

Италија заплени јахта на руски олигарх вредна 65 милиони евра
Рим, 4 март 2022 (МИА) - Италијанската полиција ја заплени јахтата Лејди М, вредна 65 милиони евра, која му припаѓа на рускиот олигарх Алексеј Александрович Мордашов, а се наоѓала во регионот Лигурија. Запленувањето е извршено согласно новите санкции на Европската унија против Русија поради инвазијата врз Украина. Во Хрватска замрзнувањето на имотот на руските олигарси ќе се одвива на тој начин што секоја имотна институција во земјата ќе го спроведе во својата надлежност. На пример, МВР ќе биде надлежно за возилата, пристаништната капетанија за бродови, берзата на акции, а за сметките допрва ќе се одлучува дали ќе одлучува ФИНА или банките. На тој начин нема да може да го отуѓи или продаде имотот. На црната листа на олигарси во ЕУ досега има околу 700 правни и физички лица, а во Хрватска ги има најмалку 80, неофицијално од високи извори во Министерството за финансии, дознава Нова ТВ. Хрватска ќе го повлече овој потег врз основа на Законот за меѓународни рестриктивни мерки од 2008 година и Регулативата на ЕУ од 25 февруари. гт/

Остани поврзан