• недела, 22 декември 2024

Италија без повредениот Имобиле на фајнлфорот во Лига нации

Италија без повредениот Имобиле на фајнлфорот во Лига нации
Рим, 2 октомври 2921 (МИА) – Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле поради повреда нема да биде во составот на Италија за завршниот турнир во Лигата на нации, кој од 6 до 10 октомври ќе се одржи во Милано. Имобиле, како што јавија денеска италијанските медиуми, ќе биде подложен на лекарски прегледи поради мускулната повреда по што ќе биде познато колку ќе трае рехабилитацијата. Имобиле се повреди на натпреварот од Лига Европа против Локомотив Москва, кој Лацио го реши во своја корист во четвртокот со 2-0. Италија во полуфиналето на фајнлфорот од Лигата на нации за противник ја има Шпанија, на 6 октомври, а ден подоцна на програмата е дуелот меѓу Белгија и Франција. ег/паг/

Остани поврзан