• петок, 22 ноември 2024

Италијанците со антитела за Ковид-19 шест пати повеќе од официјално заразените

Италијанците со антитела за Ковид-19 шест пати повеќе од официјално заразените
Рим, 4 август 2020 (МИА) - Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија или 2,5 проценти од популацијата развиле антитела против новиот коронавирус. Тоа е шест пати повеќе од официјалните податоци, покажува истражувањето на италијанскиот Институт за статистика и Министерството за здравство. Официјалните податоци покажуваат дека од почетокот на епидемијата во Италија се потврдени 248.229 случаи на заразени со коронавирус и 35.126 смртни случаи. Според истражувањето, постојат разлики на локално ниво за присуство на антитела. Во северниот регион Ломбардија, каде беше жариштето на епидемијата, 7,5 проценти од населението има антитела, а во јужниот регион на Сицилија - само 0,3 проценти од населението. Истражувањето исто така покажува дека речиси 30 проценти од луѓето со антитела се асимптоматски, што укажува на ризик од ширење на инфекцијата кај луѓе кои не биле свесни дека се заразени. Уште во мај беше објавена студија за антитела во следната сериозно погодена земја, Шпанија, која откри дека само 2,3 милиони луѓе (или 5 проценти од луѓето) биле изложени на вирусот. Приврзаниците на теоријата на колективен имунитет сметаат дека е потребно 60-70 проценти од луѓето да се разболат за да може заедницата да го пресече ланецот на инфекцијата. паг/  

Остани поврзан