• петок, 05 декември 2025

Италијански обвинители истражуваат наводно хакирање на телефонот на новинари

Италијански обвинители истражуваат наводно хакирање на телефонот на новинари

Рим, 19 јуни 2025 (МИА)  - Италијанските обвинители истражуваат наводно хакирање на седум телефони, вклучувајќи го и оној на основачот на „Дагоспај“, Роберто Д'Агостино, како дел од скандалот со надзор што вклучува технологија од компанијата за шпионски софтвер „Парагон“.

Истрагата доаѓа по извештаите за наводно шпионирање на двајца истражувачки новинари, што предизвика протести на опозицијата и раскинување на договор меѓу Италија и американската компанија „Парагон“.

Администрацијата на италијанската премиерка Џорџа Мелони негираше вмешаност во нелегални активности. зш/

Остани поврзан