• среда, 13 ноември 2024

Италијански и француски аеродроми градат инфраструктура за летечки такси возила

Италијански и француски аеродроми градат инфраструктура за летечки такси возила
Рим, 26 октомври 2021 (МИА) - Аеродромите во Рим, Венеција и Болоња и на француската ривиера денеска соопштија дека основале компанија за изградба на инфраструктура за летечки такси што треба да овозможи подобри транспортни врски меѓу градовите и да го ублажат проблемот со сообраќајниот метеж. Новата компанија Urban Blue ги спои италијанските аеродроми Аеропорти ди Рома од инфраструктурната групација Атланта, Аеропорто ди Венециа, Аеропорто ди Болоња и францускиот аеродром Аеропортос де ла Азур. Според најавата, нивниот план е до 2024 година да започнат бизнис со летечки такси во Рим, Венеција и Ница. Во соопштението не се наведени финансиски детали поврзани со проектот. Инфраструктурата е наменета за верипорти, специјални типови на авиони кои полетуваат вертикално, а потоа ги пренасочуваат моторите и пропелерите во хоризонтална положба и летаат како авиони. Верипорти ќе функционира како електрични воздушни такси кои на клиентите ќе им понудат нов начин на патување, заобиколување на сообраќајниот метеж и полесен меѓуградски превоз. ссм/

Остани поврзан