• петок, 22 ноември 2024

Италијанскиот тенисер Јаник Синер стана најмладиот победник на АТП 500

Италијанскиот тенисер Јаник Синер стана најмладиот победник на АТП 500
Вашингтон, 9 август 2021 (МИА) - Италијанскиот тенисер Јаник Синер стана најмладиот победник на АТП 500 откако вчера го победи Американецот МекКензи МекДоналд со 2-1 во сетови. До триумфот од АТП турнирот од серијата 500, Синер дојде по тричасовната игра со резултат 7-5, 4-6, 7-5. Деветнаесетгодишниот тенисер е највисоко рангираниот тинејџер на АТП и на турнирот настапи како светски рекет број 24. Светскиот рекет број пет, Александар Зверев, беше претходниот најмлад победник на АТП 500, откако триумфираше во Вашингтон во 2017 година, на 20-годишна возраст. ар/цр

Остани поврзан