• петок, 22 ноември 2024

Италијанскиот новинарски синдикат повика на штрајк на јавниот радиодифузен сервис Раи

Италијанскиот новинарски синдикат повика на штрајк на јавниот радиодифузен сервис Раи

Рим, 26 април 2024 (МИА) - Новинарскиот синдикат УСИГраи (USIGrai) повика на 24-часовен штрајк во италијанската јавна телевизија Раи на 6 и 7 мај, главно во знак на протест против мешањето на десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони, јави ДПА.

Тие ја обвинија Мелони дека сака да го претвори радиодифузерот во „говорник на владата“.

Заднината на ова е откажување во последен момент на поканата на писателот Антонио Скурати, кој сакаше да прочита текст на денот на ослободувањето на Италија од германската окупација и фашизам на 25 април.

За време на настапот, тој сакаше да ја критикува партијата на Мелони за нејзиното постфашистичко потекло. Текстот на крајот беше прочитан од новинар на Раи.

Мелони е на чело на десничарската трипартиска коалиција од октомври 2022 година. Нејзината сопствена партија „Браќата на Италија“ потекнува од постфашистичкиот политички спектар. Поранешниот диктатор Бенито Мусолини (1883-1945) сè уште е почитуван од истакнати членови на партијата до ден-денес, наведува ДПА. мс/

фото: Википедија

Остани поврзан