• недела, 22 декември 2024

Италијанскиот надбискуп Вигано екскомунициран од Римокатоличката црква

Италијанскиот надбискуп Вигано екскомунициран од Римокатоличката црква

Ватикан, 5 јули 2024 (МИА) – Италијанскиот надбискуп Карло Марија Вигано, жесток ултраконзервативен критичар на папата Франциск, е прогласен за виновен за раскол и е екскомунициран, соопшти денеска Ватикан.

Вигано, папскиот пратеник во Вашингтон од 2011 до 2016 година, се повлече од јавноста во 2018 година, откако конзервативните медиуми ја објавија неговата изјава на 11 страници, во која го обвинуваат папата дека знаел дека американскиот кардинал Теодор МекКарик, поранешниот надбискуп од Вашингтон, сексуално злоставувал семинари и свештеници со години и дека ништо не презел.

Вигано го повика папата да поднесе оставка, нарекувајќи го „лажен пророк“ и „слуга на сатаната“. Минатиот месец Ватикан го повика надбискупот да одговори на обвинувањата за раскол и негирање на легитимноста на папата.

Вигано минатата недела изјави дека одбил да учествува во дисциплинската постапка бидејќи не го прифаќа легитимитетот на институцијата која стои зад неа.

Не го признавам авторитетот на трибуналот што ми суди, ниту неговиот префект, ниту оној што го назначил, посочи Вигабно, алудирајќи на директорот на Дикастеријата за доктрина на верата, кардиналот Виктор Мануел Фернандез и папата Франциск. ми/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан