• четврток, 01 август 2024

Италијанска боксерка се повлече од борбата со „противничка“ од Алжир коај падна на тест за пол

Италијанска боксерка се повлече од борбата со „противничка“ од Алжир коај падна на тест за пол

Париз, 1 август 2024 (МИА) - Италијанската боксерка Анџела Карини, која се натпреваруваше во категоријата до 66 килограми, одби да ја продолжи борбата во осминафиналето на Олимписките игри против Иман Келиф од Алжир.

Карини борбата ја напушти во 46. секунда.

Во 2023 година, ИБА ги суспендираше Келиф и Лин Јутинг од Тајван од Светското првенство откако паднаа на тест за пол. И покрај тоа, Меѓународниот олимписки комитет смета дека и двајцата спортисти ги исполнуваат критериумите за учество на женскиот турнир и им дозволи да се натпреваруваат на Олимпијадата во Париз.

- Болеше како пекол. Добив втор удар во носот, толку ме болеше што не сакав да продолжам, ја цитира Карини „La Gazzetta dello Sport“.

Откако беше прогласен победникот, Италијанката одби да се ракува со Келиф. Таа неколку пати ја потенцираше неправдата на ситуацијата и се расплака токму на средината на рингот.

Олимписките игри 2024 година во Париз се одржуваат од 26 јули до 11 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан