• петок, 28 јуни 2024

Исчистени и маркирани патеки на планината Серта

Исчистени и маркирани патеки на планината Серта
Неготино, 26 јули 2022 (МИА) - Високогорскиот планинарско спортски клуб ,,Неготино", денеска информираше дека се исчистени и маркирани неколку патеки на планината Серта.
-Имавме заедничка акција, активисти од нашиот клуб, заедно со општината Неготино, членови на здружението „Бела вода" од селото Калањево и спортско планинарското друштво „Серта". Реализиравме работна акција. Покрај маркирање, извршивме и кастрење, по правила на Федерацијата на планинарски спортови. Ги уредивме патеките на првиот дел, од црквата „Свети Илија" до црквата ,,Света Петка" на месноста „Бела вода", до Делчев врв. Искастривме, исчистиме и направивме нови маркации, затоа што многу од старите маркации беа уништени од несовесни поединци, соопшти Орданче Бошев, претседател на „Неготино".
Помладите членови на овој клуб, го исчистиле околниот отпад на овие патеки и попатно до селото Калањево, како и во кругот на црквата „Свети Илија". свд/сст/

Остани поврзан