• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Исчезнат велешанецот Стојче Пецевски

Исчезнат велешанецот Стојче Пецевски

Велес,14 април 2025 (МИА) - Вчера околу 10:50 часот во реонот на велешкиот рид ГРООТ е исчезнат планинарот и пензионер од Велес Стојче Пецевски.

Телефонот е лоциран во радиус од два километри од предавателот на ГРООТ и се уште сигналот е фиксиран во тој радиус, информира Игор Смилев, долгогодипен планинар од Велес и пријател на исчезнатиот. Тие за исчезнувањето на Стојче Пецевски веднаш ја известиле и полицијата која се вклучила во потрагата. 

Смилев апелира  до велешките планинарски друштва, клубови и сите граѓани да се приклучат во потрагата.

Инаку во текот на вчерашниот ден неколку алпинисти и планинари направиле потрага од споменикот кај село Раштани до Антената па се до каменоломот „Миса“, а оттаму поторно до Раштани.

Во тој реон трага и СВР Велес.

Се очекува потрагата да се прошири кон селата Белештевица и Сопот, а се бараат и поединци кои добро го познаваат овој терен.

Доколку некој има било каква информација може да се јави во СВР Велес, или на телефоните 075 751 068 и 070 850659. ад/

 

 

Остани поврзан