• понеделник, 23 декември 2024

Ист Гејт Мол по пожарот продолжи со работа, делот за брза храна затворен за посетители

Ист Гејт Мол по пожарот продолжи со работа, делот за брза храна затворен за посетители

Скопје, 14 февруари 2024 (МИА) - Трговскиот центар Ист Гејт Мол денеска продолжи со работа од 13:00 часот. Делот за брза храна ќе биде затворен за посетители и деловна дејност, информираа во соопштение од трговскиот центар,  по пожарот што избувна утрото на најгорниот кат, во делот на рестораните каде се подготвува храна.

Во пожарот нема повредени и е причинета материјална штета. Веќе е завршен увидот за причините од страна на надлежните органи. 

Трговскиот центар ќе продолжи со редовно работно време, до 22:00 часот. 

Како што информираа од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје за МИА, во гаснењето на пожарот е интервенирано со 15 пожарникари и пет возила. мд/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан