Истра Куп 2024: Минимален пораз на македонските футсалци од Словенија
- Македонската футсал репрезентација до 19 години претрпе денеска пораз од 3-2 од Словенија во неизвесен натпревар од првото коло во групата Б во рамки на силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024“, кој се одржува во хрватскиот град Умаг.
Умаг, 3 март 2024 (МИА) – Македонската футсал репрезентација до 19 години претрпе денеска пораз од 3-2 од Словенија во неизвесен натпревар од првото коло во групата Б во рамки на силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024“, кој се одржува во хрватскиот град Умаг.
Македонските футсалци имаа водство од 2:1 и три извонредни можности за зголемување на предноста, но на крајот противникот успеа да направи комплетен резултатски пресврт.
Капитенот Гавровски и Стоимировски беа стрелци на головите за Македонија.
Во второто коло од меѓународен турнир „Истра Куп 2024“, избраниците на селекторот Зоран Лекиќ ќе играат против домаќинот Хрватска. ег ФОТО: ФФМ