• петок, 20 декември 2024

Истражувачкиот тим на СЗО во посета на пазарот во Вухан

Истражувачкиот тим на СЗО во посета на пазарот во Вухан
Вухан, 31 јануари 2021 (МИА) - Истражувачкиот тим на Светската здравствена организација (СЗО), кој во Кина е под строг надзор на кинески официјални лица,  со цел да се истражи потеклото на коронавирусот, го посети пазарот во Вухан, кој беше центар за дистрибуција на храна за време на 76-дневниот карантин минатата година. Истражувачкиот тим на СЗО, составен од експерти за ветеринарство, вирусологија, епидемиологија, технологија и безбедност на прехранбени производи, во придружба на поголема група кинески колеги, ги посети и двете болници каде што беше жариштето на епидемијата. За време на мисијата, членовите на тимот на СЗО ја посетија и изложбата посветена на епидемијата на коронавирусот. СЗО претходно соопшти дека членовите на истражувачкиот тим нема да имаат контакт со локалната заедница поради ризик од ширење на вирусот. Кинеската Влада ја застапува теоријата дека епидемијата е предизвикана од вирус увезен во замрзната морска храна, што, како што посочуваат странските агенции, не се заснова на валидни докази. паг/

Остани поврзан