• петок, 22 ноември 2024

Истрага за обид за убиство при семејно насилство во Кавадарци, 30 дена притвор за осомничената

Истрага за обид за убиство при семејно насилство во Кавадарци, 30 дена притвор за осомничената

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство во обид“, Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истрага против 32-годишна жена.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, вчера во раните утрински часови, при вршење семејно насилство, осомничената се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка. Додека жртвата спиела во заедничкиот дом, осомничената која подолг период се заканувала дека ќе го стори делото, ја удрила својата мајка со тврд предмет (чекан) по главата. Сведок на настанот бил таткото на осомничената, кој ја задржал и не и дозволил да избега по настанот.

- Поради опасноста од бегство, пред се имајќи ја предвид висината на запретената казна за ваков облик на кривично дело, можноста да влијае врз сведокот или да се обиде да го доврши кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор, се вели во соопштението.

Судијата го прифатил предлогот и синоќа донел решение со кое на осомничената и определил притвор во траење од 30 дена. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан