• сабота, 23 ноември 2024

Истрага за двојното убиство во Кратово

Истрага за двојното убиство во Кратово

Скопје, 15 јуни 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo – Убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Јавното обвинителство денеска соопшти дека при вршење семејно насилство вчера осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка и определи 30-дневен притвор на осомничената.лв/

Остани поврзан