• петок, 22 ноември 2024

Истрагата за нападот во Париз ја води антитерористичкото обвинителство

Истрагата за нападот во Париз ја води антитерористичкото обвинителство
Париз, 16 октомври 2020 (МИА) - Националното обвинителство за борба против тероризмот е задолжено за водење на истрагата за нападот, во кој е обезглавен еден човек во доцните попладневни часови во париското предградие Конфлан Сент-Онорин (Ивелин), јави дописникот на МИА. Жртвата е наставник по историја во средно училиште на колеџот и гимназија Буа Д’Олн. Тој неодамна им покажа на своите ученици карикатури на Мухамед за време на час по слободен говор. Истрагата која е отворена се води за „напад во врска со терористички потфат “ и „злосторничко терористичко здружување“, таа е во надлежност на антитерористичките потдирекции на полицијата и Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ). Околу 17 часот, во Ерагни (Вал д'Оз), екипа на антикриминалната бригада на полицијата во Конфлан Сент-Онорин забележало лице кое носело нож. Кога полицијата го замолила да го спушти оружјето, тој одбил, по што бил застрелан. Покрај него се наоѓало тело на обезглавен човек. Полицајците не беа во можност веднаш да му пријдат затоа што напаѓачот со себе носел елек со експлозив, а притоа е спроведена операција за деминирање. Министерот за внатрешни работи, патувајќи кон Мароко, итно разговарал со претседателот Емануел Макрон, а потоа се вратил во Франција. тг/гт/

Остани поврзан