• сабота, 16 ноември 2024

Истече рокот за кандидатура за изборите на северот на Косово, Српска листа не се пријави

Истече рокот за кандидатура за изборите на северот на Косово, Српска листа не се пријави

Приштина, 22 март 2023 (МИА) -  Портпаролот на Централната изборна комисија во Косово Валмир Ељези потврди дека денеска истече рокот за пријавување на кандидатите за вонредните локални избори во четири општини на северот на Косово, за кои не се пријавија претставници на Српска листа, јави Еуроњуз.

Рокот за пријавување на политички партии, поединци и групи граѓани за избор на четворица градоначалници на северот на Косово, како и за советници на собранијата на општините Лепосавиќ и Звечан, за вонредните локални избори во Косово истече во 16 часот.

Досега, според податоците на косовската Централна изборна комисија, освен најголемите партии со мнозинство Албанци, се пријавила само Партијата на косовските Срби од Лепосавиќ.

Од српските кандидати за градоначалник на Лепосавиќ се пријави Александар Јаблановиќ од Партијата на косовските Срби, додека за градоначалничка на Звечани се кандидираше независната кандидатка Слаѓана Пантовиќ.

Српска листа вчера соопшти дека нема да учествува на изборите бидејќи не се исполнети нивните барања за формирање Заедница на српски општини и повлекување на припадниците на косовската специјална полиција од северот на Косово.

Изборите кои првично беа закажани за декември минатата година, за кои исто така не се пријави Српската листа, беа одложени поради притисокот на меѓународната заедница со образложение дека тоа е направено поради безбедносната состојба. ссм/

Остани поврзан