• понеделник, 23 декември 2024

Испратена екипа за теренско гаснење на пожарот на Галичица

Испратена екипа за теренско гаснење на пожарот на Галичица
Скопје, 6 септември 2021 (МИА) - Теренската екипа составена од претставници на НП „Галичица” и Територијалната противпожарна единица од Охрид рано утринава е испратена на терен за гаснење на планинскиот пожар на планината  Галичица. Градоначалникот Константин Георгиески, како што информираат од општина Охрид, рано утринава бил на терен во подножјето на планината Галичица, каде што согласно заклучоците од вчерашниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, била испратена првата група која, како што информираат, иамал задача да направи увид на состојбата со пожарот и да делува каде што има потреба. Вчерашните активностите за гаснење од воздух, врнежите од дожд и влажното време што ноќеска го зафатија Охридскиот регион влијаеа поволно за локализирање на пожарот. -Бидејќи на локацијата на пожарот е регистрирана многу мала количина на врнежи, стручните лица од локалниот кризен штаб оценија  дека временските прилики и дождливото време не се доволни за целосно локализирање и гаснење на пожарот. Поради тоа на теренот треба активно да се делува  континуирано да се следи на терен, се вели во соопштението од Општина Охрид. аа/вј/

Остани поврзан