• понеделник, 23 декември 2024

Исплатен надомест за штета од елементарни непогоди на 729 овоштари од Росоман 

Исплатен надомест за штета од елементарни непогоди на 729 овоштари од Росоман 
Росоман, 13 април 2022 (МИА) - Исплатен е надомест за штета од елементарни непогоди на 729 овоштари од Росоман, информираше попладнево росоманскиот градоначалник Стојан Николов. -Денес врз основа на одлука на Влада бр.41-3162/1, на сметките на 729 овоштари исплативме 33.760.718 денари за надомест на штета од елементарните непогоди кои ги зафатија овошните насади во 2021 година. Владата излезе во пресрет на нашите овоштари и покажа вистинска грижа за овоштарите, се со цел одржување на насадот, соопшти Николов. Тој нагласи дека грижата за овоштарите  но и за секој еден  граѓанин, ќе продолжи и понатаму. свд/вј/

Остани поврзан