• недела, 17 ноември 2024

Исплатени 216.712.603 денари на 4 430 млекопроизводители

Исплатени 216.712.603 денари на 4 430 млекопроизводители

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека се исплатени 216.712.603,00 денари на 4 430 млекопроизводители. Висината на директните плаќања е пет денари за литар кравјо и шест денари за литар овчо и козјо млеко.

Според МЗШВ, исплатата е извршена на земјоделските стопанства - производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози кои произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во август, септември, октомври, ноември и декември 2023 година.

-Се што се вети, се исполнува. Грижата за земјоделците е наш приоритет, наведува МЗШВ. мч/ац/

Фото: МИА архива  

Остани поврзан