Исланд ги отвора границите за туристите со сертификати за вакцинација
- Исланд е прва европска земја, која од утре ќе ги отвора надворешните граници на шенген-зоната за граѓани од трети земји, само со сертификат за вакцинација против Ковид-19
Рејкјавик, 17 март 2021 (МИА) - Исланд е прва европска земја, која од утре ќе ги отвора надворешните граници на шенген-зоната за граѓани од трети земји, само со сертификат за вакцинација против Ковид-19.
Сите туристи од утре ќе можат да влезат во Исланд без да се тестираа, но ќе мора да покажат сертификат за вакцинација против Ковид-19 издаден во земји-членки на шенген-зоната или од Светска здравствена организација.
Министерството за здравство на Исланд соопшти дека туристите кои ќе имаат соодветни сертификати, нема да бидат тестирани на Ковид-19, нема да им е потребен негативен ПЦР тест, а исто така нема да бидат ставени во карантин.
Таквата мерка е во сила од 20 јануари, но важеше само за патниците кои доаѓаа од шенген-зоната. Исланд е членка на шенген-зоната, иако не е членка на Европска Унија.
На Исланд 10 проценти од населението веќе ја прими првата доза на вакцина против Ковид-19. ми/