• недела, 22 декември 2024

„Исламски џихад“, сепак, потврди: Постигнат е договор за прекин на огнот со Израел

„Исламски џихад“, сепак, потврди: Постигнат е договор за прекин на огнот со Израел
Газа, 7 август 2022 (МИА) - Постигнат е договор за прекин на огнот меѓу Израел и палестински „Исламски џихад“ (ПИЈ), изјави вечерва за „Ал Кудс њуз“ портпаролот на ПИЈ, Мухамед ал Хинти. Договорот за прекин на огнот го вклучува и ослободувањето на лидерот на „Исламски џихад“, Басем Сади, јави весникот „Џерусалем пост“. Апсењето на Сади пред неколку дена беше повод за отворени непријателства и конфликти меѓу Израел и ПИЈ, а во петокот Израел ја почна операцијата „Зора“ против оваа палестинска милитантна организација. сд/

Остани поврзан