• петок, 22 ноември 2024

Исламски џихад прогласи прекин на огнот со Израел

Исламски џихад прогласи прекин на огнот со Израел

Ерусалим, 24 февруари 2020 (МИА) - Палестински Исламски џихад од Појасот Газа прогласи едностран прекин на огнот во жестоките дводневни судири со Израел.

Во краткото соопштение екстремистичката организација Палестински Исламски џихад наведе дека завршиле со одмаздата за убиството на тројцата припадници на организацијата во нападите на израелската  војска.

Во соопштението, исто така,  се наведува дека ќе се одговори на секоја натамошна израелска агресија.

Претходно денеска, екстремистите од Исламски џихад продолжија со ракетни напади врз јужниот дел на Израел, при што една ракета паднала во двор на градинка.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и се закани со војна на исламските екстремисти од движењето  Хамас, кое владее со Газа, доколку продолжат ракетните напади.

Нетанјаху, исто така, изјави дека му се заканил на Хамас дека доколку  не ги спречи екстремистите кои го напаѓаат Израел ќе цели директно во нив.

Во знак на одмазда на вчерашните ракетни напади, израелската војска ја нападна позицијата на Исламски џихад во Газа и во Сирија.ки/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан