• недела, 22 декември 2024

Исламска држава објави фотографија од напаѓачите одговорни за масакрот кај Москва

Исламска држава објави фотографија од напаѓачите одговорни за масакрот кај Москва

Москва, 23 март 2024 (МИА) -  Исламска држава денеска објави фотографија од четворицата напаѓачи кои синоќа убија најмалку 143 лица во концертна сала во близина на Москва, објави новинската агенција на оваа милитантна на Телеграм.

„Нападот доаѓа во контекст на бесната војна меѓу Исламската држава и земјите кои се борат против исламот“, се наведува во текстот што се повикува на безбедносни извори.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, но Русија сугерираше дека постои украинска врска, и покрај енергичното негирање на украинските власти дека Киев има некаква врска со тоа.

Руските власти денеска соопштија дека уапсиле 11 лица, вклучително и четворица осомничени напаѓачи, во врска со нападот.сд/

фото:Агенција АМАК

Остани поврзан