• вторник, 13 јануари 2026

Ислами прво зимско засилување на Шкендија

Ислами прво зимско засилување на Шкендија

 

Тетово, 5 јануари 2026 (МИА) – Актуелниот македонски фудбалски првак Шкендија ги засили денеска своите редови со поранешниот младински репрезентативец на Косово, Дрилон Ислами.

Дваесетипетгодишниот дефанзивен играч за врска доаѓа во Шкендија од редовите на романскиот прволигаш Клуж, откако претходно настапуваше за косовските екипи Феризај, Дрита и Приштина.

Ислами е првото засилување во јануарскиот преоден рок во редовите на Шкендија, која денеска официјално ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во која тетовскиот тим го очекуваат настапи во домашното првенство и Купот, како и настапот во шеснаесетфиналето во Конференциската лига на УЕФА.

Потенцијални противници на Шкендија во Конференцијата лига се турски Самсунспор и полски Лех Познањ, а противникот ќе биде познат на 16 јануари за кога во Нион е закажана жрепката за нокаут фазата.

Шкендија на првиот натпревар, закажан за 19 февруари, ќе биде домаќин. ег

ФОТО: Фејсбук.

 

Остани поврзан