• петок, 05 декември 2025

Исак му се заблагодари на Њукасл откако се приклучи на Ливерпул

Исак му се заблагодари на Њукасл откако се приклучи на Ливерпул

Ливерпул, 3 септември 2025 (МИА) - Новиот фудбалер на Ливерпул, Александар Исак, изјави дека засекогаш ќе му биде благодарен на својот поранешен клуб.

- Сакам да ја изразам мојата благодарност до моите соиграчи, персоналот и најмногу до градот Њукасл и сите прекрасни навивачи за трите незаборавни години што ги поминавме заедно. Заедно испишавме историја и го доведовме клубот до позицијата каде што навистина припаѓа. Беше чест да бидам дел од патувањето од квалификациите за Лигата на шампионите до освојувањето на првиот трофеј по повеќе од 70 години. Вечно благодарен. Ви благодарам, Њукасл, напиша Исак на социјалните мрежи.

На последниот ден од преодниот рок, 25-годишниот Швеѓанец се приклучи на Ливерпул за британски рекорд од 125 милиони фунти.

Исак се обврза на шестгодишна соработка со Ливерпул. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан