• петок, 05 декември 2025

Исак би можел да дебитира за Ливерпул на 14 септември

Исак би можел да дебитира за Ливерпул на 14 септември

Ливерпул, 11 септември 2025 (МИА) – Фудбалерот Александар Исак го одржа својот прв тренинг како играч на Ливерпул, објавува „Атлетик“.

Дваесет и петгодишниот Швеѓанец би можел да дебитира за „Црвените“ во четвртото коло од Премиер лигата против Барнли на 14 септември.

На последниот ден од преодниот рок, напаѓачот се пресели во Ливерпул за рекордна сума за Велика Британија од 125 милиони фунти (околу 145 милиони евра) и потпиша шестгодишен договор.

Исак игра за Њукасл од 2022 година. Во 109 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигна 62 гола и имаше 11 асистенции. Заедно со „свраките“, фудбалерот стана победник на Англискиот Лига Куп во сезоната 2024/25.

Исак претходно играше за Реал Сосиедад, Вилем, Борусија и АИК. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан