• петок, 22 ноември 2024

Ирски гимнастичар скока на антисекс кревет во Олимпиското село (видео)

Ирски гимнастичар скока на антисекс кревет во Олимпиското село (видео)
Токио, 19 јули 2021 (МИА) – Ирскиот гимнастичар Рис Мекленахан го испроба креветот во Олимпиското село во Токио 2020 година.

Беше објавено дека креветите направени од картон не толерираат ненадејни движења и скокање, поради што тие беа наречени „анти-сексуални“. - Овие кревети треба да бидат антисекс. Направени се од картон, тоа е точно, но велат дека се распаѓаат од ненадејни движења. Значи ова е лажна вест! - Рече Мекленахан. Гимнастичарот скокаше на креветот којшто не се оштети. зс/

Остани поврзан