• понеделник, 16 март 2026

Ирачката милиција: Шест американски војници убиени во напад врз воена база

Ирачката милиција: Шест американски војници убиени во напад врз воена база

Багдад, 16 март 2026 (МИА) - Шиитска милиција, сојузничка со Иран, тврди дека нападнала американска воена база во Ирак, при што загинале шест американски војници.

Уште четворица американски војници се сериозно повредени во ракетниот напад врз воената база во близина на аеродромот во Багдад, соопшти денеска милицијата Сараја Авлија ал-Дам.

Американската војска сè уште не го коментирала инцидентот.

Медиумската канцеларија на ирачките вооружени сили изјави дека вчеравечер имало напади со пет ракети врз областа околу аеродромот.

Се наведува дека се повредени неколку безбедносни работници, персонал на аеродромот и еден инженер. Се вели дека некои од ракетите паднале на територијата на аеродромот.

Сараја Авлија ал-Дам е помала милиција, која привлекува внимание веќе неколку години, првенствено преку напади врз американски војници и конвои во Ирак.

Има врски со Силите за народна мобилизација, познати и како Единици за народна мобилизација, мрежа на шиитски вооружени групи, од кои многу се поддржани од Техеран и имаат значително влијание во Ирак. мс/сд/

фото: Архива

Остани поврзан