• среда, 12 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Иран тврди дека Трамп го испратил писмото за нуклеарен договор до иранските лидери преку арапска земја

Иран тврди дека Трамп го испратил писмото за нуклеарен договор до иранските лидери преку арапска земја

Техеран, 12 март 2025 (МИА) - Иран денеска објави дека писмото од американскиот претседател Доналд Трамп за нов нуклеарен договор упатено до иранските лидери треба да биде доставено до Техеран преку арапска земја.

-Писмото е напишано, но сè уште не е пристигнато и наскоро ќе биде доставено од арапска земја, изјави за новинарите иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Иран и САД немаат дипломатски односи од 1980 година.

Во исто време, Трамп ја врати политиката на „максимален притисок“ врз Иран со нови санкции против иранскиот нафтен сектор и се закани со употреба на сила.

-Нема да преговараме под притисок, закани или санкции, рече Арагчи. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан