• петок, 22 ноември 2024

Иран привремено ослободи 54.000 затвореници во борбата против ширењето на Ковид-19

Иран привремено ослободи 54.000 затвореници во борбата против ширењето на Ковид-19
Техеран, 3 март 2020 (МИА) - Иран привремено ослободи повеќе од 54.000 затвореници во обид да се бори против ширењето на новиот коронавирус во преполните затвори, јави Би-Би-Си. Портпаролот на судството, Голомхосеин Есмаили, изјави пред новинарите дека на затворениците им дозволено да излезат од затвор откако нивните тестови на Ковид-19 биле негативни. Сите привремено ослободени затвореници издржуваат полсени пресуди. Затворениците со казна затвор од повеќе од пет години нема да бидат вклучени во програмата. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан