• недела, 30 јуни 2024

Иран почна збогатување на ураниум до 20 проценти

Иран почна збогатување на ураниум до 20 проценти
Техеран, 4 јануари 2021 (МИА) - Иран повторно почна да збогатува ураниум до 20 проценти во подземниот нуклеарен комплекс Фордо, соопшти иранската Влада. - Пред неколку минути почна процесот на збогатување на ураниум до 20 проценти во компексот Фордо, изјави портпаролот на иранската Влада. Тоа е спротивно на Договорот постигнат во 2015 година од кој се повлекоа САД и Иран и најверојатно ќе наштети на плановите на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден Вашингтон повторно да ги почитува преземените обврски од Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма. На 1 јануари Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека била информирана дека Иран планира повторно да збогатува ураниум до 20 проценти во Фордо. ми/

Остани поврзан