• петок, 05 декември 2025

Иран и пет други земји поднесоа нацрт-резолуција до МААЕ за забрана на напади врз нуклеарни објекти

Иран и пет други земји поднесоа нацрт-резолуција до МААЕ за забрана на напади врз нуклеарни објекти

Техеран, 16 септември 2025 (МИА) - Иран, заедно со Кина, Русија, Венецуела, Никарагва и Белорусија, поднесе нацрт-резолуција до 69-та сесија на Генералната конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за забрана на напади врз нуклеарни објекти, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.

-За да се заштити интегритетот на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ), Иран, заедно со Кина, Русија, Венецуела, Никарагва и Белорусија, поднесе нацрт-резолуција „За забрана на сите форми на напади и закани за напади врз нуклеарни објекти и инфраструктура што спаѓаат под Договорот за сеопфатни заштитни мерки на Агенцијата“, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, на социјалната мрежа „Х“.

Во нацрт-резолуцијата се наведува дека сите земји имаат „неотуѓиво право да развиваат нуклеарна енергија за мирни цели“ и исто така „имаат право на ефикасни гаранции против какви било напади или закани за напади“.

На 9 септември оваа година, Иран и МААЕ потпишаа договор за обновување на соработката, кој беше суспендиран по нападите што Израел и САД ги извршија во јуни врз нуклеарните објекти во Исламската Република. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан