• среда, 27 ноември 2024

Иран: Знителен напредок на разговорите во Виена за обнова на нуклеарниот договор

Иран: Знителен напредок на разговорите во Виена за обнова на нуклеарниот договор
Техеран, 21 февруари 2022 (МИА) - На разговорите во Виена за обнова на нуклеарниот договор од 2015 година, Иран и големите силе постигнаа „значителен напредок“, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзадех. Меѓутоа, „ништо не е договорено додека сè не е договорено“, додаде тој на брифингот, па појасни дека „останатите прашања се и најтешки“. Високиот ирански безбедносен функционер, Али Шамхани, изјави дека продолжуваат разговорите со европските преговарачи и понатаму, но преговрите со САД не се на дневен ред, затоа што нема да донесат никаков „пробив“. Во Виена, од април се одвиваат индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон. бд/зш/

Остани поврзан