• недела, 22 декември 2024

Иран: Денеска лансиравме три сателити истовремено

Иран: Денеска лансиравме три сателити истовремено

Техеран, 28 јануари 2024 (МИА) - Иран денеска по првпат истовремено лансираше три сателити со помош на ракетата-носач на сателити Симорг, развиена од Министерството за одбрана, објавија државните медиуми.

Еден сателит со тежина од 32 кг и два наносателити со тежина помала од 10 кг беа испратени во орбита од 450 километри со два помали уреди за тестирање на технологијата за теснопојасната комуникација и гео-позиционирање, се вели во извештаите.

Поголемиот сателит наречен „Махда“, изграден од Иранската вселенска агенција, треба да ја тестира точноста на ракетата Симорг при носењето товар во вселената.

Иран го лансираше сателитот „Сораја“ во орбитата овој месец со ракета изградена од воената елитна Револуционерна гарда, што ја зголеми загриженоста кај европските сили дека технологијата на вселенска ракета за лансирање може да се искористи за развој на балистички ракетен систем со долг дострел.

Иран вчера ја отфрли осудата од европските земји поради неговото лансирање на сателитот Сораја, велејќи дека мирољубивиот технолошки напредок во авијацијата е легитимно право на земјата. ссм/

фото: ЕПА/илустрација

Остани поврзан