• петок, 05 декември 2025

Иран денеска во Истанбул ќе разговара за својата нуклеарна програма со претставници на Велика Британија, Франција и Германија.

Иран денеска во Истанбул ќе разговара за својата нуклеарна програма со претставници на Велика Британија, Франција и Германија.

Истанбул, 16 мај 2025 (МИА) - Се очекува Иран денеска во Турција да одржи разговори за својата нуклеарна програма со претставници на Велика Британија, Франција и Германија, паралелно со преговорите со Вашингтон на истата тема, јавија француските медиуми.

Заедно со Кина, Русија и САД, европското „трио“ (исто така познато како Е3) учествуваше во преговорите за историскиот нуклеарен договор со Иран во 2015 година, што обезбеди рамка за нуклеарните активности на Иран во замена за укинување на меѓународните санкции наметнати врз земјата.

Договорот стана практично неважечки откако САД унилатерално одлучија да се повлечат од него во 2018 година, за време на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп.

Трамп, кој врши притисок врз Иран да преговара за нов договор откако се врати во Белата куќа, вчера изјави дека Вашингтон и Техеран се блиску до постигнување на таа цел.

Според шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, се очекува денешните разговори во Истанбул да бидат на ниво на заменик-министри за надворешни работи.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан