Иран гради објект кај кај подземната нуклеарна постројка Фродо
- Иран почна изградба на локацијата кај подземната нуклеарна постројка Фродо, јавија дел од американските медиуми повикувајќи се на сателитски снимки
Вашингтон, 18 декември 2020 (МИА) - Иран почна изградба на локацијата кај подземната нуклеарна постројка Фродо, јавија дел од американските медиуми повикувајќи се на сателитски снимки.
- Која било промена на таа локација внимателно се следи како знак во кој правец се движи иранската нуклеарна програма, истакна експертот за Иран на Мидлбери Институтот за меѓународни студии Џефри Левис.
Изградбата кај Фродо почнала кон крајот на септември, а според сателитските снимки добиени на 11 декември, објектот се гради во близина на шиитскиот град Кома, 90 километри југозападно од Техеран.
Иранската мисија при Обединети нации и Меѓународната агенција за атомска енергија, чии инспектори се во Иран во рамките на нуклеарниот договор, се уште не ги коментирале навидте на американските медиуми.
Иако не е позната намената на зградата што се гради, тоа најверојатно ќе поттикне нови тензии помеѓу САД и Иран.
Иран веќе нешто гради и кај нуклеарниот погон Натанц по мистериозната експлозија што се случи во јули, а според Техеран се работеше за саботажа.
Иран од септември 2019 година произведува збогатен урануим во Натанц, а на 7 ноември годинава објави дека повторного покренува процесот на збогатување на ураниум во Фродо.
Иран и САД ги прекинаа дипломатските односи во 1980 година, но имаше приближување во 2015 година кога во Виена беше потпишан меѓународен договор за иранската нуклеарна програма, за време на претседателскиот мандат на Барак Обама. Но, Доналд Трамп во 2018 година ги повлече САД од Договорот со цел „максимален политички притисок“ врз Иран и воведе нови санкции, по што двете држави од јуни 2019 година двапати беа на раб на војна. ми/