• петок, 22 ноември 2024

Иран го ослободи екипажот на запленетиот јужнокорејски танкер

Иран го ослободи екипажот на запленетиот јужнокорејски танкер
Техеран, 2 февруари 2021 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Иран денеска соопшти дека е ослободен екипажот од јужнокорејскиот танкер, што беше запленет од иранската армија во Персиски Залив во јануари годинава. Иранското МНР соопшти дека членовите на екипажот можат да заминат од Иран. Додека портпаролот на иранската армија истакна дека ќе продолжи правната истрага за танкерот и неговиот капетан. Екипажот најужнокорејскиот танкер е составена од морнари од Индонезија, Мјанмар, Јужна Кореја и Виетнам. Тие беа во притвор во градот Бандер Абас откако беше запленет танкерот под обвинение дека ја загадува околината. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан