• понеделник, 23 декември 2024

Иранскиот претседател го номинираше искусниот дипломат Абас Арагчи за министер за надворешни работи

Иранскиот претседател го номинираше искусниот дипломат Абас Арагчи за министер за надворешни работи

Техеран, 11 август 2024 (МИА) - Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска го номинираше искусниот дипломат Абас Арагчи за министер за надворешни работи.

Арагчи има долгогодишно искуство како дипломат и беше главен преговарач на Иран во нуклеарните преговори меѓу Техеран и светските сили од 2013 до 2021 година.

Тој беше и амбасадор на Иран во Турција и Јапонија и заменик-министер за надворешни работи задолжен за азиско-пацифичкиот регион две години пред да стане портпарол на Министерството за надворешни работи во 2013 година.

Кога министер за надворешни работи на Иран беше Мохамед Џавад Зариф, Арагчи беше втор човек во министерството и ги извршуваше местата на заменик-министер за правни и меѓународни работи и заменик министер за политички прашања.

Арагчи е доктор по политички науки на Универзитетот во Кент. паг/

Фото: Википедија

 

 

Остани поврзан