• петок, 22 ноември 2024

Иранска Револуционерна гарда: Одговорот за Израел може да се пролонгира

Иранска Револуционерна гарда: Одговорот за Израел може да се пролонгира

Техеран 20 август 2024 (МИА) - Портпаролот на Иранската Револуционерна гарда, Алмохамад Наини, изјави денеска дека времето е на страната на Иран и дека чекањето на одговорот може да потрае, алудирајќи на одмаздата кон Израел за убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран, за кое таа земја е обвинета.

- Иранските лидери ги проверуваат сите околности и одговорот на Исламската Република Иран можеби нема да биде повторување на претходните операции, додаде портпаролот, пренесуваат иранските државни медиуми.

Иран и Хамас го обвинија Израел дека извршил напад во кој беше убиен Ханија на 31 јули, неколку часа откако присуствувал на инаугурацијата на новиот ирански претседател Масуд Пезешкиан.

Израел ниту ја негираше, ниту ја потврди вмешаноста во убиството на Ханија.

Еден ден порано, во израелски напад во Бејрут беше убиен командантот на либанскиот проирански Хезболах, Фуад Шукр. Таа екстремистичка организација исто така се закани со одмазда кон Израел. ссм/

фото: архива

Остани поврзан