• понеделник, 23 декември 2024

Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ханија е убиен од проектил со краток дострел

Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ханија е убиен од проектил со краток дострел

Техеран, 3 август 2024 (МИА) - Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, беше убиен пред неговата соба во резиденција во Техеран со истрелување проектил со краток дострел со боева глава, тежок околу седум килограми, што потоа било проследено со голема експлозија.

Британските медиуми пренесуваат дека Револуционерната гарда притоа предупреди дека одмаздата на Техеран ќе биде голема и дека ќе се случи во вистинско време, на вистинско место и на вистински начин.

Ханија беше убиен во Техеран во средата, а Хамас и Иран најавија одмазда против Израел, обвинувајќи го за нападот.

Лидерот на Хамас беше погребан вчера во Катар, откако еден ден претходно беше одржана погребна церемонија во Техеран.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан