• сабота, 21 декември 2024

Иранската моќ останува непроменета по падот на Асад, тврди командантот на Револуционерната гарда

Иранската моќ останува непроменета по падот на Асад, тврди командантот на Револуционерната гарда

Техеран, 10 декември 2024 (МИА) - Командантот на иранската Револуционерна гарда Хосеин Салами изјави дека Иран не е ослабен по падот на сојузникот Башар ал-Асад во Сирија.

- Не сме послаби, а моќта на Иран не е намалена, изјави Салами пред членовите на иранскиот парламент.

Од почетокот на сириската граѓанска војна во 2011 година, Иран и Русија му пружаа воена поддршка на Асад. Иран испрати сили на Револуционерната гарда за да го задржи сојузникот на власт и да ја одржи „оската на отпор“ против Израел и САД.

Падот на Асад го ограничи влијанието на Иран и поддршката за групите во регионот, особено за Хезболах во Либан, кој неодамна постигна примирје со Израел.

Салами изјави дека во Сирија повеќе нема ирански сили и дека „отстранувањето на ционистичкиот режим“ останува приоритет. ссм/

фото: архива

Остани поврзан