• вторник, 05 ноември 2024

Ирак ги уверува странските дипломатски мисии дека се безбедни во земјата

Ирак ги уверува странските дипломатски мисии дека се безбедни во земјата

Багдад, 22 јули 2023 (МИА) - Ирачката влада ги увери дипломатските мисии во Ирак за нивната безбедност, соопштувајќи дека нема да дозволи повторување на нападот врз шведската Амбасада, јавија британските меидуми цитирајчи го соопштението на ирачкото МНР.

Изјавата на Министерството за надворешни работи доаѓа само еден ден откако стотици демонстранти упаднаа во шведската Амбасада во Багдад и ја запалија во знак на протест против плановите да се запали копија од Куранот во Стокхолм. 

Ирак вчера го протера и шведскиот амбасадор.

„Ирачката влада е целосно посветена на Виенската конвенција, која ги регулира дипломатските односи меѓу државите и им гарантира безбедност и заштита на сите дипломатски претставништва кои живеат во земјата“, соопшти Министерството. 

„Она што се случи со амбасадата на Кралството Шведска во Багдад не може да се повтори и секој таков чин ќе биде предмет на законска одговорност“, се додава во соопштението на ирачкото МНР. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан