• понеделник, 23 декември 2024

Ирак: Без политичко мешање во одлуките на ОПЕК

Ирак: Без политичко мешање во одлуките на ОПЕК
Багдад, 19 јуни 2022 (МИА) - Ирак ја смета Русија за важна членка на светскиот пазар на нафта и се противи на политичко мешање во одлуките на ОПЕК, изјави за РИА Новости портпаролот на ирачкото Министерство за нафта Асем Џихад, пренесува БГНЕС. Претходно, „Волстрит џурнал“ објави, повикувајќи се на делегати на ОПЕК, дека голем број членки ја истражуваат можноста за суспендирање на учеството на Русија од договорот ОПЕК + во знак на солидарност со западните санкции. - Русија е многу важна членка (на светскиот пазар на нафта), ние не сакаме политичко мешање во одлуките на ОПЕК, рече Џихад, во коментар за Волстрит џурнал. ссм/

Остани поврзан