• петок, 22 ноември 2024

ИОК ќе донесе конечна одлука за Олимпијадата во Токио не подоцна од четири недели

ИОК ќе донесе конечна одлука за Олимпијадата во Токио не подоцна од четири недели
Лондон, 22 март 2020 (МИА) - Стив Скот, новинар за британскиот канал „ИТВ“, изјави дека Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе донесе одлука за одржување на Олимписките игри во 2020 година во Токио не порано од четири недели. - Извршниот комитет на Интернационалниот олимписки комитет ја одложи конечната одлука за ова прашање за четири недели. Потоа тие ќе ја проценат ситуацијата пред да усвојат алтернативни планови. Ова е прв пат кога тие имаат утврдено краен рок за одлука. Работите се движат, твитна Скот. Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година, но нивното одржување е под закана поради пандемијата на коронавирус. зс/

Остани поврзан