• понеделник, 23 декември 2024

ИОК за кражбите на Олимпијадата: Навистина, имаше инциденти, воведени строги мерки со 180 камери за видеонадзор

ИОК за кражбите на Олимпијадата: Навистина, имаше инциденти, воведени строги мерки со 180 камери за видеонадзор

Париз, 1 август 2024 (МИА) – Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги потврди информациите за кражби во олимпиското село во Париз.

Претходно, француското издание „Le Parisien“ објави пет поплаки од олимпијци за кражба. 

- Навистина, имаше инциденти, тие беа пријавени во полиција. Ги поддржуваме делегациите. Во Олимпиското село се воведени строги мерки, со 180 „CCTV“ камери кои работат 24 часа на ден. Но, не можам да дадам информации за тоа колку безбедносни службеници има таму, рече директорката за комуникации на организацискиот комитет, Ен Дешамп.

Денес се дозна за грабежот врз словачки велосипедисти кои пријавија украдена опрема (гуми, менувачи и други резервни делови) во вредност од околу 2.300 евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан