• недела, 22 декември 2024

Инцидент во иранската нуклеарна централа Натанц

Инцидент во иранската нуклеарна централа Натанц
Техеран, 2 јули 2020 (МИА) - Во нуклеарната електрана Натанц во Иран се случи „инцидент“ при што е оштетен објект во изградба, но тоа не влијалео на редовното функционирање на нуклеарната централа, а нема ниту зголемена радијација. - Оштетената зграда е опишана како „инсдустриска шупа“, се наоѓа над земја и не е дел од нуклеарната постројка, изјави портпаролот на Организацијата за атомска енергија Беруз Камалванди. Тој додаде дека нема причина за загриженост. Натанц е една од основните постројки за збогатување на ураниум во Иран. ми/

Остани поврзан