• петок, 22 ноември 2024

Инфраструктурно се уредува светиниколската населба „Бел Камен“

Инфраструктурно се уредува светиниколската населба „Бел Камен“
Штип, 18 септември 2021 (МИА) - Светиниколската населба „Бел Камен“ по три децении конечно и инфраструктурно се уредува. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски, вели дека жителите немале ниту атмосферска, ниту канализациона мрежа. Градежните работи се во завршна фаза. - Во овој дел од градот граѓаните немаа ниту канализациони цевки, ниту пак атмосферска канализација. Во оваа населба се уредува и тротоарна површина во должина од околу половина километар, со цел да им овозможиме на пешаците сигурно движење, а истовремено и поврзување со пешачката патека до локалитетот „Била Зора“, вели Велковски. Реализацијата на овој проект е со средства од буџетот на Општина Свети Николе, а сите овие градежни зафати чинат околу четири милиони денари. вдј/ар/

Остани поврзан